Иако има уште малку до зимата, секоја сезона сакаме на време да се подготвиме со тренди и шик парчиња кои истовремено ќе нè топлат во студените денови.

Ако оваа сезона не си набавивте капут во кој ќе уживате во топлите денови, сега е вистинско време за тоа, а ние ви предлагаме еден класик во кој ќе се заљубите од прва.

Станува збор за кариран капут во кој навистина вреди да инвестирате бидејќи истиот ќе го носите долги години, а најверојатно и никогаш нема да излезе од мода.

Истиот можете да го комплетирате со ремен, со некој едноставен брош, марама околу вратот и секако, одбрани модни додатоци.

Карираниот принт ќе му даде забавна нота на секој ваш стајлинг и ќе го надополни и истакне на совршен  начин.

Без разлика дали ќе одберете кратка или долга варијанта од овој капут, во истиот ќе изгледате како префинета дама со стил.

Во галеријата погледнете некои од можните комбинации со кои ова парче изгледа совршено.

Објавено:
3 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
794 пати