Кензо расположени за хип-хоп на стартот на пролетната сезона

18 март 2014

Модните брендови Кензо и New Era, со уште една успешна заедничка соработка ќе го прослават доаѓањето на пролетта. Станува збор за лимитирана колекција на капчиња наменета за веќе актуеланата сезона пролет-лето 2014.

За сите оние кои веќе со години наназад му остануваат верни на спортскиот стил, сигурно ќе се израдуваат на новото изненадување кое им го подготви модната куќа Кензо во соработка со New Era. Хип-хоп капчето кое ужива голема популарност последниве години, уште еднаш ја потврди својата актуелност како тренд. Новата лимитирана колекција капчиња е инспирирана од калифорнискиот предел, преубавите природни пејсажи и морската тишина. Моделите се обоени во свежа палета на нијанси како тиркизна, црвена, црна, бела и сина.

 

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Тренд