Кимоно наместо мантил, фустан, наметка...

3 април 2018

Како мултифункционално парче, егозитчното кимоно најде своја широка примена во светот не само на модните инсајдери, туку и на комерцијалната модна сцена.

Ако денеска го носите како наметка, веќе утре може да го пренамените во фустан. Токму во неговата практична примена и прилагодување на различни стилски целини, е неговиот шарм.

Иако е тенденција веќе неколку пролетни и летни сезони, неговата популарност не стивнува.

Напротив, оваа пролет кимоно ќе носиме во неколку различни верзии, а особено ќе биде актуелно она со макси должина, со принтови инспирирани од флората и фауната.

За вечерна и свечена пригода исто така е одлична солуција, во комбинација со високи потпетици и клач чанта.

Едно парче како замена за неколку...

 

Објавено:
3 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.501 пати