Кимоно – секогаш добар избор за на плажа

7 август 2017

Покрај тоа што кимоното го носиме во нашите секојдневни комбинации и го комбинираме со џинс, шорцеви, краток топ или мини фустан, ова летно парче е совршено ефективен моден додаток и за на плажа, во спој со костимите за капење.

@ theteacherdiva

Покрај неговата естетска функција, кимоното исто така има и своја практична улога додека сме на плажа – ја штити кожата од директното сончевото зрачење, па може да го облечете кога сте изложени директно на сонце и со тоа да го намалите ризикот од изгореници.

Инаку во однос на моделите и дезените и оваа летна сезона, изборот е воодушевувачки. Флората и фауната секогаш преовладуваат кога се работи за принтовите, а кроевите се секогаш лежерни, лелеави и опуштени.

Може да ги носите само како наметка или пак да ги врзете околу струк, а еве како ги комбинираат познатите модни инсајдери:

Фото: Инстаграм

@ elxielvina

@ josefinehj

@ spell_byronbay

@ tessalindsaygarcia

@ the_salty_blonde

@ the_salty_blonde

@ the_salty_blonde

 

Објавено:
7 август 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.085 пати