Класика на модерен начин

31 јануари 2018

Динамиката со која сезонските тенденции се наметнуваат во модниот свет е тешко да се следи во чекор. Доколку безлично ги следите трендовите, притоа занемарувајќи го вашиот идентитет и личен стил, тогаш веројатно ќе се изгубите некаде попатно во масовната едноличност.

Затоа наместо да го носите товарот на она по секоја цена да бидете модерни, тргнете од своите лични карактеристики и угодете и на вашата лична, стилска естетика со тоа што ќе го имплементирате само она од актуелните трендови што вам ви одговара.

Но, покрај тој забрзан циклус на „Ин" и „Аут", секогаш постојат оние класични и безвременски парчиња облека на кои може да сметате во било која сезона независно од актуелните модни текови.

Предноста на таквите парчиња, што во основа се со минимален крој и ненаметлива естетика, е што лесно може да ги комбинирате со парчиња што се моментален тренд или парчиња пто се карактеристични за вашиот имиџ.

Така комбинирајќи ги, класичните со модерните парчиња, добиваме една секогаш различна односно осовремена димензија на класичниот изглед.

Ќе ве инспирираме со неколку интересни примери.

Објавено:
31 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.636 пати