Клучен моден детаљ во есенските трендови

13 септември 2016

Предимензионираниот чвор е одличен, ултимативен моден детаљ што оваа есен им дава печат на дизајнерските колекции.

Здолништата и фустаните врзани во чвор, најчесто во предниот дел, се и особено забележителни во актуелната улична мода, а несомнено се дел и од листата на есенски трендови.

За оваа есен, овој интересен тренди елементи во своите колекции го имплементираа и Викторија Бекам, Вивијан Вествуд, а особено им се посвети Изабел Марант која во својата есенска колекција има модели од лакирана кожа до карирани волнени здолништа.

Комбинирајте ги со кошула, кожена јакна, мото чизми или елегантни салонки.

 

Објавено:
13 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.269 пати