Клучно парче за оваа есен!

4 октомври 2017

Ако се земе во предвид понудата на „high street" брендовите за оваа сезона, но и актуелните трендови во уличната мода, едно меѓу клучните стилски парчиња за оваа есен е блејзерот.

Зошто е меѓу фаворитите, не е тешко да се издвојат неколку моменти: лесно може да се комбинира, одговара на сечија телесна конституција, совршено се вклопува во слоевитите аутфити, вистинско парче облека за променливите есенски температури...

Фаворит е блејзерот во кариран дезен, а ако сакате да постигнете екстравагантен изглед тогаш вистински избор се блејзерите украсени со крзно или пердуви на ракавите.

Нашите омилени стилски дами носат предимензионирани блејзери во комбинација со џинс, обична маичка и марама врзана околу врат.

А како изгледа уличната мода во која фокусот е на клучното парче за оваа есен, гледате во фото галеријата во продолжение.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.857 пати