Кои ќе бидат актуелни тенденции есенва?

17 август 2018

Ни претстои забавна, шаренолика и динамична есен, барем кога модата е во прашање.

Ако ги земеме в предвид есенските колекции на популарните дизајнерски етикети, како и прогнозите на етаблираните модни инсајдери, веќе имаме неколку клучни трендови што ќе бидат водечки оваа есен.
Ретро шармот повторно ќе биде присутен во повеќето тенденции, а ќе доминира естетиката на уличната мода.

Некои безвременски парчиња кои важат за ултимативни, очекувано ќе бидат присутни и во стилската слика за оваа есен. Ќе ги посочиме безвременските мантили со нагласен струк, што покрај во елегантните беж нијанси, годинава ќе може да бираме и такви во „неочекувани" бои како интензивни тонови на зелена и црвена, или пак пастелни виолетова и розова.

Милитари естетиката се реинтерпретира во ново издание, а особено ќе бидат популарни панталоните во „војнички" фазон.

Колор блок комбинациите ќе бидат предводени од спојот на изразито или пастелно розова и беж боја, што важи исто така за една од основните есенски тенденции.

Во име на женственоста, оваа есен ќе носиме софистицирани кожени здолништа, од такви со миди должина и висок струк до мини на преклоп.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.615 пати