Колоритни комбинации за секој ден од мај

3 мај 2019

Мај е колоритен, па такви ќе бидат и нашите шик комбинации овој месец.

Пролет е сезона во која шаренилото од бои и принтови е сеприсутно, а сето тоа има влијание и на позитивното расположение.

Затоа, раширете ги насмевките и храбро пристaпете им на интензивните бои, спојте ги со принтови или со дезенирани ткаенини и уживајте во својата индивидуалност.

Не плашете се да бидете приметени во костум во тиркизно сина или силна црвена боја. Во вашите деловни комбинации додадете детали во интензивна розова или жолта, а за некоја од свечените пригоди овој месец слободно размислувајте за фустан во популарната портокалова нијанса.

Комбинацијата принт со принт е секогаш интересен предизвик, па ако досега не сте практикувале ваков спој, зошто да не се обидете оваа пролет, можеби ќе се пронајдете?

Во продолжение издвоивме колоритни и забавни комбинации за секој ден од мај.

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.740 пати