Комбинации на бои кои оставаат моќен впечаток кај другите

18 октомври 2013

Со добро комбинирање на нијансите на бои може да манипулирате на начин што кај другите ќе предизвикаат бурни емоции, па во зависност од тоа што сакате постигнете со вашиот мозаик од тонови, еве ви неколку комбинации кои сигурно нема да поминат незабележани.

 

 

Црвено за да бидете заводливи

Црвената боја е идеален избор на нијанса доколку сакате да заведувате. Дамите кои носат црвена боја се карактеризираат како силни, храбри, самоуверени, возбудливи, енергични и страствени. Црвената боја го забрзува срцебиењето и дишењето и сигнализира сексуалност и плодност. Бидејќи овој тон е мошне интензивен, укажува и на опасност, затоа избегнувајте ја кога одите на деловен состанок, за да се спасите од можни конфронтации со колегите. Одлично решение доколку одите на љубовен состанок или вечера, а погрешен избор за решавање проблеми.

 

 

Смиреноста барајте ја пространството на сината боја

Сината нијанса е боја на смиреноста, вистината, креативноста, интелигенцијата, довербата, сигурноста, лојалноста, задоволството и релаксацијата. Истражувањата покажуваат дека резултатите на тестовите за интелигенција се подобри доколку на испитаниците тестовите имаат сина боја. Комбинирајте ја секогаш кога е потребно во дадена ситуација да бидете тактични, или кога одите на интервју за работа.

 

 

 

Жолтата е бојата која ќе ја разбуди вашата дива страна

Било која да е вашата професионална определба, жолтата, па дури и зелената нијанса се вистински избор кои ќе ви помогнат да внесете свежина во вашето опкружување. Жолтата боја симболизира енергичност, чиста мисла, сила, радост и среќа, храброст и оптимизам, а предизвикува позитивен ефект кај луѓето околу вас, особено доколку се работи за депресивни личности. Носете жолто секогаш кога одите со друштво во град на некоја забава, журка, а можете и на родителски состанок.

 

 


 

 

 

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Тренд