Комбинации од необични форми како архитектонско моден експеримент

2 јануари 2014

Ако сте љубители на класиката, ви препорачуваме новата година да ја почнете на нов начин со тоа што ќе испробата нови форми од класичните кои дизајнерите ги донесоа на модните писти. Боите се сведени на бела, беж, сива, металик и црна нијанса. Основна карактеристика се необичните форми и кроеви, внимателно конструирани за да потсетуваат на архитектонски експеримент. Деталите се сведуваат на минимум, а иако е експеримент уште пред да почне на големо да се носи, ние го караклтеризираме како успешен. Одличен избор на парчиња за сите дами што немаат совршена фигура, а сакат да бидат во тренд. Строгите линии умешно ги покриваат недостатоците, затоа време е да тргнете во шопинг по некое ново вакво парче и да го комбинирате на поинаков начин.

 

Балман Балман

Џамбатиста Вали Џамбатиста Вали

Џанфранко Фере Џанфранко Фере

Викторија Бекам со поинаква форма на смокинг Викторија Бекам со поинаква форма на смокинг

 

 

 

 

Објавено:
2 јануари 2014
Категорија: 
Тренд