Kомбинации од уличната мода во пастелна палета

26 јануари 2016

Годинава според прогнозите на Пантон, пастелните бои ќе се наметнат како ултимативни во модните трендови. Дури и зимската улична мода е обоена во пастелна палета, која одлично се комбинира и со безвременските црна, бела и сива.

Дополнителна придобивка е што оваа суптилна палета лесно се прилагодува во различни стилови, па соодветно може да се имплементира и во имиџот на деловните дами и во уникатните аутфити од уличната мода.

Предимензионирано палто во бебешко розова боја спарено со монохроматски бел комбинезон или плисирано здолниште во нежно сина боја со бела кошула со ситен принт се само дел од бројните варијанти.

 

 

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.068 пати