Комбинации што може да ги носиме од утро до вечер

21 април 2017

Многу често сите се наоѓаме во ситуација кога после работа директно треба да продолжиме на кафе се другарките, на коктел забава или на роденден кај пријатели. Тоа подразбира дека немаме време да се вратиме дома и да го промениме стајлингот. Во такви ситуации, корисно е да направите една „универзална" комбинација која соодветно ќе може да ја носите преку целиот ден, односно од утро до вечер.

Во овој случај, идеален избор се монохроматските комбинации, но и по некој впечатлив детаљ во интензивна боја. Исто толку корисни ќе ви бидат и сакото, панталоните со висок струк, впечатливите чевли што не мора задолжително да бидат на висока потпетица.

Следете ги примерите на уличната мода како инспирација.

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.965 пати