Комбинации со килоти инспирирани од уличната мода

18 февруари 2016

Панталоните „килоти" или панталони-здолниште, последниве неколку сезони се меѓу омилените парчиња кај дамите.

Соодветно се адаптираат во различни стилски аутфити, а притоа и ја издолжуваат фигурата.

Кај деловните жени честопати се секојдневен избор за на работа, комбинирани со кошула, сако или елек, но бројни се и примерите на комбинации со килоти за свечени прилики кога може да се спојат со краток топ и впечатлив накит.

Но, апсолутно најоригиналните варијанти со ова „must have" парче се од уличната мода. Еве како хероините од оваа алтернативна „модна писта" ги комбинираат во својот стајлинг.

 

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.038 пати