Елегантните slip фустани беа дефинитивно парче што го одбележаа изминатото лето и некако сè уште не можеме да се збогуваме со нив.

Оваа зима, познатите модни блогерки сè уште ги носат истите, но во комбинација со топли шик џемперчиња и изгледаат одлично.

За да ви биде уште потопло, комбинацијата надополнете ја со дебели хулахопки и тренди капутче одозгора, а секако и соодветни чизми или рамни чевли.

Секако, вистинска класика и омилени летово беа црните и slip фустаните во боја на пудра, па така истите многу лесно можете да ги комбинирате со џемперчиња во иста или слична боја.

Една од омилените комбинации е дефинитивно онаа со фустан и џемпер во иста нијанса, но секако, без проблем можете да експериментирате и да бидете шик и со парчиња во принт и јаки бои.

За инспирација, погледнете ја галеријата погоре и одберете го вашиот фаворит.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
14 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.948 пати