Костум во црвена боја за моќен и впечатлив деловен изглед

2 октомври 2017

Секоја моќна и храбра деловна жена, со изразен индивидуален став, треба да поседува барем еден црвен костум во својот плакар.

Иако не е честа прилика во деловниот свет првиот избор да „падне" токму на црвениот костум, жените кои се сигурни во себе и кои сакаат да остават таков впечаток, без двоумење се одлучуваат за деловен костум во интензивна црвена боја.

Мишел Обама, Амал Клуни, Кејт Мидлтон, Хилари Клинтон, па дури и кралицата Елизабета, се меѓу дамите во глобалниот деловен свет, што го обожуваат овој избор и често го применуваат во својот имиџ.

Уште една придобивка е тоа што црвената боја оваа сезона е апсолутен хит и нема да имате никаков проблем да ги најдете вашите омилени парчиња во оваа боја.

Фото извор: Getty Images

Објавено:
2 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.140 пати