Кожени здолништа – есенски моден хит

24 август 2015

Одличен начин да го освежите вашиот имиџ оваа есен е да комбинирате кожени здолништа во секојдневниот стајлинг.

Со оглед на тоа дека ова е едно од најпопуларните модни парчиња за претстојната сезона, голем дел од брендовите го имплементираа во своите есенски колекции.

Моделот на плисирано миди здолниште е едно од најжествените и има своја верзија во Манго, Гучи, Миу Миу и Ланван.

Исто така популарно е и текстурирањето кое на коженото здолниште му дава посебен сјај, а се постигнува со различни техники како пачворк или лакирање.

Покрај тоа, животенските принтови во комбинација со кожени здолништа се класика, па често може да видиме принтови инспирирани од змиска или крокодилска кожа.

Во однос на боите, кафеавата, црната и темно црвената секогаш се актуелни во есенскиот период, но покрај нив, дизајнерите што сакаат да експериментираат во овој дел, вметнаа и интензивно жолта, пастелно сина и зелена боја.

Објавено:
24 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.927 пати