Краток топ + панталони = шик летен спој

11 јуни 2019

Летото е инспиративно од различни аспекти, ама особено од моден.

Повикува на експериментирање со боите и кроевите, на освежување на стилот, охрабрувајќи ве љубопитно да побарате нова страна на вашиот стилски идентитет.

Доколку до сега на себе не сте ја пробале комбинацијата краток топ со панталони со висок струк, летните денови пред нас се вистински момент да одговорите на предизвикот.

Секако во зависност од градбата на вашето тело, постојат различни варијанти како овој спој соодветно да го адаптирате на вашиот имиџ.

Популарни се дури и оние комбинации каде наместо топ, се импровизира со марама, што како опција би било најсоодветно да ја планирате за прошетки покрај плажа за време на летниот одмор.

А какви се други комбинации се привлечни и супер стилски, ви посочуваме во галеријата во продолжение.

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.167 пати