Кул есенски спој: романтичен фустан + мото чизми

25 септември 2018

Експериментите со „неспоивите" комбинаци се типични за модниот свет. Спојот на роматични и милитари парчиња е еден од таквите примери кога во еден изглед, сосема синхронизирано и хармонично спротивностите се надополнуваат.

Овој период од годината обожуваме да носиме романтични, женствени фустани, надополнети со кул милитари чизми.

Макси фустан со карнери или миди со флорален принт во комбинација со чизми до глужд на ниска потпетица или такви на врзување, се варијанти што може да ви послужат како инспирација.

А за дополнителни идеи погледнете ја галеријата.

Објавено:
25 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.481 пати