Кул спој: костум + патики

2 април 2019

Елеганцијата надополнета со спортска лежерност веќе неколку сезони важи меѓу омилените тенденции.
Совршена е комбинацијата во која истовремено се чувствувате дотерано, шик, а удобно.

Затоа спојот на дводелен костум со патики е еден од најпрепознатливите трендови, барем кога уличната мода е во прашање.

Дамите многу често ја преферираат и во својот деловен имџ, доколку тоа им го дозволува работната позиција и опкружување.

Маичките со принт и лесните кошули се секогаш правилен избор за комплетрање на овој аутфит, а неколку идеи плус како да ги комбинирате, следуваат во галеријата.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.383 пати