Сосема спротивно од минимализмот кој веќе некое време владее на модната сцена, парчињата со животински принт некако секогаш наоѓаат место во нашите комбинации.

Тие се создадени за жените кои ја сакаат модата и секогаш сакаат нешто повеќе со што дополнително ќе се истакнат.

Ова парче е веќе неколку години во тренд, па може да се каже дека е вистинска модна класика. Вообичаено можеме да го видиме како дел од комбинациите на Алекса Чанг, Сиена Милер, Рози Хантингтон Вајтли и уште неколку други, но и ние сакаме да уживаме во него.

Овие девојки капутот со животински принт го комбинираат со претежно црни комбинации, секогаш ултра носливи и прилагодливи.

Само на тој начин ќе направите ова парче да се истакне совршено како што всушност и му доликува.

Ова парче е одлично за надополнување на вашите свечени комбинации меѓу кои и тантелни и свилени фустани, комбинезони, женски костими и многу други.

Во галеријата ги одбравме најубавите за студената сезона што допрва доаѓа!

Објавено:
29 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.203 пати