Леопард принт е новото „црно“

26 јуни 2018

Ако ги следите актуелните тенденции, особено популарни на социјалните мрежи, сигурно ќе забележите дека сезонава еден од водечките трендови е леопард принтот.

Модните блогерки задолжително овој принт го комбинираат во своите летни комбинации, а меѓу омилените парчиња со леопард принт е здолништето во „цигара крој".

Бидејќи се работи за деликатен принт, впрочем воопшто како и сите животински принтови, секогаш внимавајте при нивното комбинирање, бидејќи лесно може да се премине границата од шик во кич.

Како позитивен пример може да ги посочиме стилските девојки на Инстаграм, кои леопард принтот најчесто го комбинираат со црни или бели едноставни парчиња, во чисти кроеви и суптилен накит.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
719 пати