Летни фустани за сите возрасти

14 август 2015

Во женскиот гардеробер постојат неколку есенцијални парчиња облека, што остануваат незаменливи независно од возраста на жената или актуелните трендови.

Тоа обично се парчиња кои се соодветни за жени во различни децении од нивниот живот, а истовремено прилагодливи на нивниот личен стил и начин на живеење.

Едно од таквите „evergreen" парчиња се летните фустани изработени од пријатни материјали. Нивната должина може да варира од миди до макси, обично кројот е едноставен, но затоа пак играта со бои варира од монохроматски до такви со разнобојни графички принтови.

Единствено кога ваквите фустани се во прашање, може да се експериментира со ракавите, што може да бидат до подлактицата или пак суптилно да ги откриваат рамената, додека во однос на кројот најчести се асиметричнитe,  А линниите или оние со лелеав и со слободен пад.

Материјалите што играт огромна улога во однос на квалитетот и одржувањето на облеката, во овој случај најчесто се избор помеѓу памучен, тантелен, ленен или пак плетенина.

 

Објавено:
14 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.685 пати