Летни комбинации инспирирани од стилот на Кери Бредшо

11 јули 2018

Серијата која сама по себе беше модна револуција, „Сексот и градот" изгради карактери кои и по децении важат за икони на стилот.

По шест сезони од серијата и два долгометражни филма, Кери Бредшо се профилираше како една од најдобро облечените дами на телевизиските екрани, благодарение на храбрите и навидум неспоиви комбинации и креирањето сопствени модни правила.

Таа е лик кој кршеше табуа, ја носеше својата неуредна фризура на формални вечери и омилените високи потпетици по улиците на Менхетн.

Стана заштитно лице на најлуксузните модни брендови, миленичка на публиката и неисцпна стилска инспирација.

Ако направите ретроспектива на нејзиниот стил, ќе забележите комбинации што и денес се моден хит, а таа ги носеше пред децении: женствени фустани со цветен принт со нагласен струк, пенсил здолништа со романтични кошули, килоти со маички на прерамки и масивни цветни брошови и се разбира култните високи потпетици во сите можни варијанти.

Стилот на Кери Бредшо како инспирација за нашите комбинации ова лето...

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.276 пати