Летни комбинации во „калифорниски“ стил на блогерката mija_mija

29 мај 2017

Таа е една од највлијателните светски модни блогерки, особено кај оние кои го преферираат минималистичкиот стилски израз.

Миријам Флатау го стартуваше својот моден блог во 2011 година, кога таа имала 21 година и успеа од својата страст кон модата да создаде бизнис што денес е нејзина професионална преокупација.

На Инстаграм каде има повеќе од 870 илјади следбеници, ќе ја најдете како mija_mija. Тука секојдневно ги објавува своите инспиративни дневни комбинации за кои и самата ќе каже дека секогаш се со минималистичка естетика во лежрен калифорниски стил.

Нејзина „униформа" се црно-белите комбинации, широките комбинезони на тенки прерамки, спортските маички и сите варијанти на џинс.

Извор на фотографии: Инстаграм профил на mija_mija

 

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
810 пати