Летните комбинации на 55 – годишната блогерка Софи Фонтанел

15 јуни 2017

Неодамна ве запознавме со 55 – годишната Софи Фонтанел која е една од најинтересните блогерки на денешницата, но и авторка на бестселерот The Art of Sleeping Alone во која говори за 12 годишниот целибат.

Она по што таа е позната е и нејзиниот беспрекорен стил поради кој е обожувана на социјалните мрежи, а сега има нови летни комбинации подеднакво стилски како и сите останати.

Таа неколку години била и директорка во модниот магазин Ел, на што се чини се должи и нејзиниот навистина уникатен и впечатлив стил.

Нејзиниот Инстаграм профил денеска е инспирација за многу жени и магазини каде секојдневно можеме да погледнеме некои од нејзините најнови комбинации.

По многу работи таа дефинитивно е вистинска стилска Парижанка која не губи многу време на подготовка, туку секогаш го одбира она во што се чувствува убаво и удобно.

Токму таа ќе каже дека Французинките се сосема спротивни на Американките и сите останати жени поради тоа што секогаш сакаат да носат нешто лежерно и никогаш не им е важно да се совршени.

Веќе неколку години таа не ја бои косата, а дека природната коса и прилега и повеќе од одлично, сведочат и нејзините фотографии на Инстаграм.

Ова лето Софи сака да носи широки парчиња, меѓу кои и шик здолништа, панталони со висок струк, едноставни кошулки, удобни обувки, накит и широка насмевка!

Фото: Инстаграм

Објавено:
15 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.407 пати
Извор: 
journal