Летните комбинации на Оливија Палермо

6 јули 2018

Подеднакво ја обожуваат и дизајнерите и публиката, има над 5 милиони следбеници на Инстаграм – факти кои што доволно говорат за влијанието на Оливија Палермо.

Модната блогерка и деновиве беше атракција во уличната мода за време на неделата на Висока мода во Париз, во одбрани и секогаш впечатливи аутфити.

Го посетивме нејзиниот профил на Инстаграм и направивме селекција, иако изборот е неограничен, на дел од нејзините интересни летни изданија.

Таа е храбра во изборот на принтови, па не ретко ја гледаме во одела со „хипнотизирачки" принтови кои секогаш заеа да ги спои со специфична клач чанта или накит.

Но, од друга страна честопати нејзин избор се и монохроматските комбинации, повеќеслојни аутфити во црна или бела варијанта, надополнети со златен или сребрен накит.

Споделете ги со нас вашите импресии од нејзиниот летен стил...

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
842 пати