Веројатно секоја дама во својот плакар има барем едно свечено, сатенско здолниште што обожава да го комбинира на посебни прилики.

Се чини, токму ова здолниште е апсолутен хит летово, па веќе не мора да чекате свечености за да го извадите од плакарот.

Она што треба да го направите е да одберете модел што ви одговара на телото и секако, соодветен дезен и да го стилизирате со шармантна маичка изработена од малку посмирен материјал.

На пример, одберете сатенско здолниште во нежна розова боја и комбинирајте го со едноставна памучна маичка во бела нијанса за да имате смирен изглед совршен за секојдневните работни обврски, но сепак доволно впечатлив.

Неодоливо и софистицирано ќе изгледате и во останатите модели пастелни нијанси, во оние со животински принт, како и во парчињата во интензивна црвена или сина.

Ако се двоумите, ова здолниште можете да го носите и со едноставни бели патики, наместо сандали или високи потпетици па тоа дополнително го олеснува изборот.

За вечерните излегувања, сатенското здолниште можете да го комбинирате со некоја кошулка по ваш избор или пак некоја романтична блузичка.

Во прилог, инспиративни дами и нивните стајлинзи со сатенски здолништа.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.040 пати