Виолетовата боја е дефинитивно една од омилените во било која сезона бидејќи секогаш потсетува на нешто позитивно, го подобрува расположението и е супер впечатлива.

Се чини дека истата е омилена во топлата сезона, бидејќи летото е совршено време за експериментирање со комбинациите, а и со боите.

Истовремено, виолетовата боја е романтична, но и доволно впечатлива, особено ако одберете комбинација во која ќе вметнете парчиња само во оваа нијанса.

Истата е доволно интензивна, но девојките летово ја комбинираат и со бои како јака жолта и сина, но како што споменавме омилени се целосно виолетовите комбинации.

Најпопуларни меѓу девојките се секако костимите, кусите панталони со висок струк и секако лежерните фустани од тантела.

Комбинациите во виолетова се совршени кога треба да бидете впечатлива на некој состанок или пак средба со момчето, но фантастични се и за свечени пригоди, како и за на одмор.

Во галеријата погледнете неколку инспиративни комбинации во нашата нова омилена боја.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
11 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.226 пати