Лежерни викенд комбинации

10 февруари 2018

Слободниот викенд е време за опуштање. Тоа подразбира и облека во која ќе се чувствувате пријатно и удобно, соодветно избрана за дневна прошетка во природа или кафе со пријателите.

Кога бираме лежерна викенд комбинација, секогаш во прв план ги имаме оние основни парчиња облека, што лесно може да се спојат и во спортски и во свечен или деловен аутфит. Тука мислиме на омиленото сако, макси капутот, панталоните со висок струк, џинсот или белата кошула.

Сите овие парчиња во зависност од тоа како се комбинирани, носат сосема поинаква естетска енергија.
Белата кошула, која најчесто директно ја поврзуваме со деловен изглед, добива нова, ноншалантна нота кога ќе ја комбинираме со предимензиониран топол шал, џинс и бели патики – и еве ви веќе една идеја за вашиот изглед за овој викенд.

Уште неколку инспиративни идеи плус, во галеријата во продолжение.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
10 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.028 пати