Листа на чекање за новиот модел на џинс

22 јануари 2018

Американската етикета Re/Done претстави интересен крој на џинс со висок струк насловен „The Stove Pipe" што инстантно стана хит меѓу трендсетерките.

Се работи за редизајн на култните Levi's 501, фармерки со висок струк, комбинација на ретро стил и модерен крој и она што е исклучително значајно, одговараат речиси на секоја телесна конституција.

Кројот на џинсот ја следи линијата на телото и е со должина до глуждовите, а наместо светла и избледена варијанта, брендот овој пат се одлучи овој модел да биде во потемна џинс варијанта, што воедно се најавува и како моден хит за 2018 година.

Моделот чини 300 долари и за истиот веќе има листа на чекање.

Објавено:
22 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.178 пати
Тагови: 
џинс тренд