Љубов на прв поглед: Фустани со „ѕвонести“ ракави

24 октомври 2016

Само еден детаљ може да допринесе вашите секојдневни комбинации да добијат впечатлив изглед, а таков пример што е особено актуелен оваа сезона се „ѕвонестите" форми.

Вљубениците во уличната мода сезонава особено ги обожуваат романтичните фустани со „ѕвонести" ракави што се соодветни за секоја прилика затоа што лесно може да се комбинираат со остатокот од парчињата во вашиот есенски гардеробер: мантили, џемпери, кратки јакни, мото чизми, крзнени детали или чевли на високи потпетици.

Овој тип на тренди фустани сезонава дизајнерите ги креираа во бројни варијанти: изработени од транспарентни материјали комплетирани со тантела, памучни и удобни, романтични во цветни дезени, како и такви надополнети со многу карнери.

 Дел од изборот во продолжение:

Објавено:
24 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.148 пати