Стилски комбинации за сите возрасти

30 јуни 2016

Летото е периодот кога сите се осмелуваат да експериментираат со стилот, да откриваат нови моменти од својата личност. Во лето се чувствува ослободувањето од стегите – и во нашето однесување и во облеката што ја носиме.

Но, тоа не значи дека треба сосема да полудиме. Во продолжение ќе погледнете неколку фотографии со предлог за тоа што ново можете да испробате, без разлика на која возрасна група припаѓате:

20-ти

Дури и да не сте обожавател на животинскиот принт, ова лето дозволете си да имате едно такво парче или моден додаток. Со црно секси фустанче, чанта во животински принт ќе биде одлична комбинација, особено за вечерните излегувања. Црна кожена јакна е идеален сојузник за авантуристите на мотор. Можете да носите и чевли со ваков принт, да ги комбинирате на пример со црно здолниште и интересна маичка. Во деновите кога летото ќе си заминува, можете да пробате и како би ви стоел мантил или долго палто со леопард или тигар принт.

 

30-ти

Не се ограничувајте на еден стил. Искористете ги летните месеци за испробување нови. Во летниот плакар имајте и секси тексасно фустанче, што можете да го комбинирате и со високи потпетици, но и со патики. Но, исто така, имајте и по некоја спортска и удобна комбинација. Изгледот секогаш надополнете го со некој впечатлив моден додаток – часовник, ѓердан, чанта...

 

40-ти

Ако сте во 40-тите, не значи дека и во лето треба панталоните да ви бидат омилено парче. Бидете секси, па облечете молив-здолниште или здолниште над колена. Сината е апсолутен хит, па дури и да не ви е омилена, сепак имајте макар едно парче во оваа боја. Малку сјај или морнарски мотиви никогаш не се на одмет.

 

50-ти

Дамите во 50-тите нека блеснат ова лето во црвени нијанси. Со оглед на тоа ретро стилот е во мода, ѕвонарки што ќе ја нагласат вашата фигура или прекрасен летен бохо фустан ќе бидат добредојдени.

 

60-ти

За оние што ја доживуваат втората младост, а сакаат да направат спој на класичното и модерното, црно-белите комбинации се идеални. Плетенини, здолништа со интересни принтови, тренди елеци, како и комбинација на еднобојни парчиња ќе ве направат летна дама за сите времиња. Удобни обувки, како на пример еспадрили или тренди мокасини се задолжителни!

 

70+

За дамите на кои годините не им се никаква препрека за тренди изглед (а и не треба да бидат), ова лето нека не се одвојуваат од цветниот принт. Цветни фустани, палта, обувки... Нека цвета сѐ од убавина и живот! Никогаш не е доцна за убави нешта.

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
451 пати