Majestic го носи популарниот корсет со потпис на Елена Лука во комбинација со бела кошула

2 октомври 2019

Нашата позната модна блогерка Александра Трпеска (Majestic) го носи најпопуларниот корсет на сезоната од нашиот моден бренд Елена Лука!

Се работи за корсет во нежно розова нијанса што може да го комбинирате во бројни варијанти за различни прилики.

Александра го искомбинира со елегантен кошула-фустан, исто така со потпис на нашиот етаблиран моден бренд.

Шик, урбано и впечатливо. Комбинација што може да ја имате во предвид доколку сакате да оставите исклучителен стилски печат, а може да ја носите и во посебни прилики во комбинација со високи потпетици, но и секојдневно, комбинрана со џинс и патики.

Парчињата може да ги најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onOct 2, 2019 at 3:32am PDT

Објавено:
2 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.645 пати