Мал црн фустан совршен избор и за лето

31 мај 2018

Веќе е познато дека малиот црн фустан е модна класика. Токму затоа, за него не постојат ограничувања и актуелен е во секоја сезона.

Затоа, доколку немате веќе по еден таков, инвестирајте во ова парче. Црниот фустан е совршен избор и за претстојното лето.

 

A post shared by Janko Bosch (@jankobosch) onMar 26, 2018 at 7:00am PDT

 

Каков да биде? – Каков ќе посакате! Одберете некој актуелните трендови, само во црна варијанта.

Фустани со карнери, вркстени прерамки, црни фустани со копчиња во предниот дел се некои од варијантите кон кои можете да посегнете.

Мини, миди, широки или тесни, изборот е ваш, а ако судиме по понудата на стрит брендовите, понудата е навистина голема.

 

Црните фустани ги сакаме бидејќи освен што ретко кога можете да згрешите со нив, идеална основа се за да ја истакнете забавна страна на модниот сензибилитет што го поседувате.

Модните додатоци се тие што ја заокружуваат комбинацијата, а како ќе го сторите тоа и дали ќе бидете досадни или впечатливи, зависи од вашата креативност и модно познавање.

Ние инспирацијата ја побаравме на Инстаграм, а дел од тоа што го најдовме, ви го презентираме во продолжение.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

A post shared by Melih Yoru (@melihyoru) onMar 19, 2018 at 7:08am PDT

 

 

A post shared by Pacificpetite (@pacificpetite) onJul 10, 2017 at 11:50pm PDT

 

 

 

A post shared by Mehrnaz (@mehrnaz_gorges) onJun 8, 2017 at 9:20am PDT

 

 

A post shared by LUCYA (@lucyamusic) onMar 15, 2016 at 10:51pm PDT

 

 

Објавено:
31 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.638 пати