Мантилите што ќе ја обележат и обојат пролетта

20 февруари 2020

Веќе сме во пролетно расположение, иако календарски е сè уште рано.

Но, сонцето надвор е доволно инспиративно веќе да размислуваме за пролетните трендови.

А меѓу тенденциите што ќе ја обележат оваа пролет, според визијата на светските модни куќи, се мантилите во интензивни бои.

Па оваа пролет размислувајте во боја.

Мантилите без исклучок, секоја пролет се актуелно парче во сечиј гардеробер. Овој пат во фокусот ќе бидат оние во изразена жолта, црвена, виолетова, зелена боја... Всушност целиот спектар ќе биде опфатен и ќе ја обои пролетната улична мода.

Комбинациите што соодвествуваат со мантилите во јаки бои нудат широки можности за комбинирање, а во продолжение ќе најдете неколку мотивирачки идеи.

 

Објавено:
20 февруари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.675 пати