Машки кроеви на женствен начин

8 февруари 2018

Една од највлијателните стилски икони на новата генерација, Оливија Палермо, е совршен пример за тоа како машките кроеви може да добијат женствен доем, благодарение на начинот на кој се носат и на тоа како се комбинирани во еден комплетен аутфит.

Многу често во нејзиниот стил ќе забележите дека имплементира парчиња од „машкиот" плакар, а крајниот резултат е елегантен, префинет и неретко, романтичен изглед.

Едно од нејзините омилени унисекс парчиња е блејзерот, во сите негови изданија: монохроматски, карирани, со дворедно или едноредно закопчување, во предимензиониран крој или со нагласен струк со ремен.

Нејзиниот пример може да ви послужи и како идеја, како да ги комбинирате парчињата со машки крој, во вашиот деловен стајлинг.

Еве го нашиот избор:

Фото извор: Пинтерест

 

 

Објавено:
8 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
871 пати