Металик боите доминантни во уличната мода и во 2017-та

18 јануари 2017

Една од највпечатливите тенденции во 2016 година беше палетата на бои со металик сјај. Овој тренд, апсолутно ќе доминира и оваа година и тоа во различни сегменти на модната сцена: од црвениот килим до урбаната улична мода.

Слободниот дух на уличната мода ќе дозволи и поексцентрични комбинации што вклучуваат аутфити комплетно обоени во металик нијанси или пак предимензионирани палта што се преливаат во неколку металик нијанси.

Меѓу омилените парчиња остануваат плисираните здолништа во сребрена, бронзена и златна варијанта, а секако присутни ќе бидат и модните додатоци во металик бои: глитер патики и чизми, чанти и очила за сонце со огледало ефект, ремени во сребрена и златна варијанта...

 

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.077 пати