Металик миди здолниште за стилски прослави

15 декември 2015

Во екот на новогодишните прослави и исчекувањето на најлудата новогодишна ноќ, вистинско време е да ја одберете комбинацијата во која ќе блеснете. 

Доколку сте од онаа група што празниците планираат да ги поминат на луди забави, тогаш секоја комбинација со ова здолниште ќе направи да се издвоите од толпата. 

Металик миди здолништето можете да го комбинирате и со наједноставна бела или црна кошулка, бидејќи само по себе тоа е доволно свечено и елегантно. 

Меѓу првите што го претставија ова парче на девојките беше тимот на Гучи кој ни понуди фантастично металик здолниште до под колената во пред есенската колекција 2016. 

Веднаш по нив, многу други дизајнери создадоа различни варијанти од ова must have парче на сезоната, а секое од нив е приказна за себе. 

Во продолжение, погледнете ги варијантите на металик миди здолништето од брендовите што ние ги обожаваме!

Објавено:
15 декември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
895 пати