Миди фустани за секоја сезона

9 јануари 2019

Тенденција што од 2018, останува исто толку актуелна и во 2019 се женствените миди фустани.
За ова парче секоја сезона – е соодветна сезона, имајќи го в предвид фактот дека лесно може да се комбинираат и во зимски, слоевити аутфити и во лежерни, летни изгледи.

Зимава актуелни се миди фустаните во металик нијанси, земјени тонови, но и оние со принтови. На температури под нула, може да ги комбинирате со масивните плетени џемпери и макси капути, надополнети со предимензиониран шал и високи чизми – функционално, а стилско решение како да носите миди фустан и во зима.

Фустаните на прерамки може да ги облечете врз плетена блуза со висока јака или пак врз елегантна кошула, а супер шик изгледаат во комбинација со мото чизми и зимски шешир.

 

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.668 пати