Милитари капути за моќен изглед

30 септември 2015

Сезонава покрај бохо и џинс манијата, милитари стилот е еден од најдоминантните и највлијателните трендови што ги камуфлираше излозите на светски познатите брендови во зелено-кафеави тонови.

Капутите во овој фазон се особено популарни, поради нивниот дизајн што најчесто е сведен на остри линии, нагласени раменици, со акцент на копчињата во едноредно или дворедно закопчување.

Нивната практичност и слободата што ја даваат да се комбинираат со различни парчиња облека, почнувајќи од обичен џинс па се до класични тоалети, е една од основните причини поради тоа што важат за класика во модната индустрија.

Во последните зимски колекции на светските дизајнери, видовме повеќе варијанти на „војнички" капути: од класичните во црна боја на Том Форд до тегетните парчиња во колекциите на Клое и Сен Лоран.

Во галеријата во продолжение правиме селекција на највпечатливите модели.

Објавено:
30 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.971 пати