Милитари комбинезони – фраерски избор за оваа есен

5 октомври 2018

Во различни, модернизирани верзии, војничкиот стил многу често се актуелизира речиси секоја сезона.
Оваа есен носиме фраерски, милитари комбинезони во широк избор на земјени и маслинести нијанси.

Дури и ако овој стил не ви е меѓу омилените, во беспрекорната улична мода ќе наидете на ултра женствени варијанти со ова унисекс парче, кое може да го комбинирате со високи потпетици и мини чанта околу струк или преку рамо – па комплетниот изглед остава софистициран впечаток.

Но, доколку претендирате спортска варијанта – тогаш бели патики се непогрешен избор.

За комплетен милитари изглед, комбинезоните може да го надополните со кожена јакна и чизми до глужд или до колена, а за дополнителна инспирација како да ги комбинирате разгледајте ја галеријата во продолжение.

 

Објавено:
5 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
754 пати