Иако кога ќе се споменат мини здолништа, веднаш ни текнува на долгите топли летни денови, но сепак, ако се добро комбинирани, истите можеме да ги носиме и во зима.

Девојките оваа сезона обожаваат да ги комбинираат со дебели џемпери и стилски капутчиња, а секако и со впечатливи чизми со кои ќе се заштитиме од студот.

Најпопуларни се оние со А – крој кои многу лесно можат да се комбинираат со разни блузички, кошулки и џемперчиња што можеме да ги ставиме внатре.

Што се однесува до принтот и материјалите, девојките обожуваат кожени, од твид, од сомот или едноставен памучен материјал во сите можни бои и дезени.

Во галеријата погоре инспирирајте се за следните забави од комбинациите што ги издвоивме за вас.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
22 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.458 пати