Минт зелена боја помеѓу лето и есен

17 јули 2017

Меѓусезоната на преминот од лето во есен ќе биде обоена во минт зелени тонови.

Како што и стартот на новата сезона асоцира на нови почетоци, така и оваа нијанса на зелената боја ќе се надоврзе на приказната за ново сезонско освежување на гардероберот.

Покрај тоа што е застапена и во новите дизајнерски колекции, минт зелената боја ќе биде особено актуелна во уличната мода.

Секое парче од облеката и модните додатоци ќе бидат во знакот на оваа боја, која веќе може да забележиме дека се наметнува помеѓу актуелните модни тенденции.

Фото извор: Pinterest / Instagram

 

Објавено:
17 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.067 пати