Модерната Снежана на Red Valentino

31 октомври 2014

Црвени усни, румени образи и панделка во косата - еден од најпрепознатливите и најобожуваните карактери на Дизни, Снежана, е инспирација за новата зимска колекција на Red Valentino.

Девојчешките силуети споени со шарените аксесоари во поп-арт варијанта создаваат една бајковита сказна која сигурно ќе биде омилена кај девојките и жените кои грижливо го чуваат детето во себе.

Колоритот ја следи приказната за Снежана, па доминираат сината, црвената и жолтата боја кај мини здолништата во А крој, кратките топови и порцеви, топлите и удобни блејзери. Симпатично низ целата колекција се појавуваат мотиви од приказната како црвеното јаболко во форма на мини чанта или принт од ликот на Снежана на блузоните, чантите и чевлите.

 

 

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Тренд