Модифицирана верзија на кимоно – моден императив

29 август 2016

Влијанието на источната култура во дефинирањето на трендовите на западната модна сцена е перманентно присутно. Затоа често може да видиме елементи од древната источна традиција модернизирани во современи модни текови.

Модифицираната верзија на кимоното веќе неколку сезони е едно од омилените стилски парчиња на IT девојките, а и оваа сезона ќе останат помеѓу оние на „must have" листата.

Сега во уште побогат избор, изработени од различни материјали, со шарени дезени или такви во монохроматска или колор-блок варијанта.

Совршено се комбинираат со исто толку популарните „palazzo" панталони, со џинс или мини фустан во едноставен крој.

Објавено:
29 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
676 пати