Модната блогерка Ангела Ѓоргиева носи Елена Лука: Женствен спој на мантил и кратки панталони

11 септември 2019

Пред нас е нова сезона која со целата своја убавина нè инспирира да го освежиме нашиот имиџ и да внесеме нота на женственост, со оглед на секогаш романтично расположената есен.

Нашата позната модна блогерка Ангела Ѓоргиева во најава на претстојните есенски тенденции, одбра ултра модерна, а истовремено исклучително женствена комбинација од есенската линија на нашиот етаблиран моден бренд Елена Лука.

Се работи за комбинација во нежни, пудрести розови тонови што и оваа есен се меѓу најактуелните во колорната карта.

Аутфитот се состои од елегантен мантил во идеален крој со миди должина, што совршено може да го комбинирате во различни варијанти во вашите есенски изданија, а дополнителен моден акцент дава коланот со кој може да ја нагласите половината.

Мантилот е комплетиран со кратки панталони во истата нијанса, со што добивате стилска целина која може да биде вашата шик комбинација за некоја посебна пригода (доколку на истата додадете сандали, како што ги комбинирала Ангела) или пак доколку аутфитот го споите со бели патики и обична маичка, тогаш ова е вашиот идеален избор за стилско секојдневие.

Никогаш не заборавајте на деталите, затоа што тие имаат моќ да ја потенцираат вашата индивидуалност. Во овој аутфит, малата чанта со префинет дизајн и кратка рачка, е перфектно надополнување на целината.

Комплетната комбинација е достапна во продажба во ателјеата на Елена Лука, како и на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
11 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.291 пати