Модни брендови што ќе ја одбележат 2014-та

30 јануари 2014

Модните куќи, брендовите се трудат од година во година да бидат актуелни, да постват нови трендови. Сепак, и тие не се безгрешни. Имаат свои добри моменти, имаат лоши моменти, враќање на трендови... Се борат помеѓу себе, се сакаат помеѓу себе... Како и да е, се трудат одново и одново да создадат трендови и модна сцена што ќе се разликува од досегашните.

Токму тоа, кои брендови ќе ја обележат оваа година, следи во продолжение.

Ен Тејлор - во оваа година ќе ја вратат класичната деловна облека. Производите што ќе ги понудат ќе бидат со пристапни цени, а ќе претставуваат одличен баланс помеѓу модните трендови и вечната класика.

Ен Тејлор

StyleNanda —ова е мошне популарен комерцијален интернет бренд. Нивните најпрепознатливи парчиња се во хип-хоп стил, но оваа година посебно до израз ќе дојдат ексцентричните стајлинзи.

Stylenanda

Кристофер Кејн - За дизајнер кој нема ни веб страна, Кристофер Кејн има одлична работа и влијание. Неговата пред-есенска колекција во центар ги става парчињата со sci-fi и „бубалици“ елементи.

Kristofer Kejn

American Eagle - овој тинејџерски бренд многу бргу стана еден од омилените улични брендови, со ниски цени. Во парчињата предвидени за оваа година, се забележува поголема доза на софистицираност.

American

COS - Овој бренд го нарекуваат и „постара сестра на H&M“. Тој нуди лежерни, а деловни (професионални), помалку авангардни, но сепак основни, што овозможува лесно комбинирање.

COS

Opening Ceremony - изгледа дека се што ќе направат основачите Умберто Леон и Керол Лим, успева на пазарот. Нивните соработки одат и зад сферата на модата - се прошируваат во филмовите, технологијата... Токму такви, широки хоризонти.

Opening

Ванс - Со бројните бои и модели кои алудираат на кул стил, овој бренд со пристапни цени ќе биде вистински хит во текот на оваа година.

Vans

Сен Лоран - познатиот бренд ќе не освои со чизмите до глужд, како и класичните костуми.

Sen Loran

Тамара Мелон - Новите производи на Тамара ќе бидат прикажани преку мини-колекција, но нема да го прифати стандардниот шестмесечен период. На тој начин сака да им порача и на дизајнерите да излезат од веќе поставените структури и шаблони. Нејзините модели ќе бидат слични на дизајните што ги работеше и за Џими Чу, а кои веќе ја освоија публиката.

Melon

Клер Вивер - На многумина веќе можеби и им е познато ова име. Со нејзините чисти облици, но интересни и колоритни дизајни, Клер Вивер си најде своја верна публика, која ги обожува нејзините незаменливи парчиња, а така ќе биде и во оваа година.

Kler

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Тренд