Монохроматски црни фустани што ќе ги носиме во различни прилики

27 јули 2017

Новата сезона ни носи неколку нови варијации на безвременскиот црн фустан.

Волуменозните карнери го нагласуваат драматичното лице на малиот и едноставен црн фустан, додека пак асиметричните кроеви кај минималистичките, миди црни фустани, создаваат необичен и впечатлив доем.

Новите есенски тенденции си поиграа со класичниот црн фустан, го освежија со неколку детали што важат за актуелни тенденции, како што е коланот околу струк, тантелните транспарентни сегменти, голите рамена... Но, сепак и покрај малиот естетски експеримент, елеганцијата останува во преден план.

Ова се десетте црни фустани што може да ги носиме во секоја прилика во сезоната која следува.

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
552 пати