Мото авантура

4 октомври 2013

Авантуристичкиот дух на моторџискиот животен стил и оваа сезона ќе биде актуелен на урбаните улици. Моторџиските јакни и чизмите на платформа во различни варијанти, ќе бидат неизоставен дел од вашиот имиџ ако се пронаоѓате во овој „филм“.

Секогаш треба да имате во предвид дека за вистински да се носите со овој стил, треба да одговара и на вашиот начин на размислување и карактер. Сепак, самиот факт дека оваа животна идеологија моментално е моден тренд, не значи дека само поради помодарство треба радикално да го промените вашиот плакар.

Ако веќе навистина обожавате кожени парчиња, мото-јакни, „мартинс“ и унисекс аксесоари, тогаш оваа сезона имате огромен избор да го надоградите личниот имиџ.

Доколку сакате да внесете боја, изберете јакна од Junya Watanable која направи интересен микс од неколку различни типови и форми на јакни, нешто помеѓу класичната моторџиска јакна и високата мода.

Во комбинацијата неизоставно парче се и ултра тесните панталони, припиени на вашето тело изработени од скај или кожа. Секако и тука може да изберете друга боја освен црната. Ние ви препорачуваме темно црвена или некоја нијанса на кафеава.

Аксесоарите се клучни. Авијатичарските очила за сонце се сигурно во потесниот избор. Покрај нив, практично е со себе наместо чанта, да носите мал кожен ранец.

 

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Тренд